Србија оствари убедлива победа на стартот од ЕП 2022/ фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

ЕП 2022: Силен старт на Србија, Шпанија со победа тргна во одбрана на титулата

Ракометната репрезентација на Србија оствари убедлив триумф од 31:23 над Украина на стартот од Европското првенство 2022. Србите уште во првото полувреме покажаа дека се голем фаворит, на одмор заминаа со предност од шест гола (17:11) и во вториот дел рутински ја одржуваа предноста за конечен триумф од 31:23. Лазар Кукиќ со седум гола беше најпрецизен кај Србија, додека кај Украина најдобар беше Хориха со шест гола.

Селекцијата на Шпанија со триумф од 28:26 над Чешка  ја започна одбраната на титулата. Чесите беа подобри на стартот од натпреварот, по 11 минути игра имаа предност од 2:4, но актуечниот шампион го засили темпото, и на одмор замина со 14:11 и предноста успеа да ја сочува до крајот. Едуардо Гурбиндо со шест гола беше најдобар кај Шпаника, а Хрстка исто така со шест гола се истакна кај Чешка.

Настапот на ЕП со победа го започна и селекцијата на Русија која со 29:27 славеше над Словачка. Русите во текот на целиот натпревар беа во водство, најчесто разликата се движеше од четири до шест гола, за во финишот Словаците да дојдат до 28:27. Но поранешниот вардарец Данил Шишкарев со голот во последната минута ја завери победата на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот