фото: Драган Митрески/Слободен печат

Енис Барди има понуда и од француската „Лига 1“

Доста се шпекулира изминатиот период околу иднината на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој според турските медиуми би можел наскоро да го напушти Трабзонспор.

Управата на Трабзонспор ги следи официјалните понуди за нашиот играч кој наводно се поврзува со неколку италијански и шпански клубови.

За Барди сега доаѓа понуда да игра во најдобрата француска „Лига 1“, односно во екипата на Ница.

Во овој тим настапуваат познати ѕвезди како данскиот голман Каспер Шмајхел, потоа Арон Рамзи, Николас Пепе…

До сега сезонава Барди за Трабзонспор во најквалитетното турско првенство има три голови во 16 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот