Фото: freemalaysiatoday

Енергетско смути со цвекло и банани, ќе ве наполни со витамини и минерали

Смути со цвекло и банана е одлична зимска напивка полн со витамини и минерали. Со висока содржина на калциум, влакна, манган, магнезиум, калиум, рибофлавин, витамин Ц и витамин Е, овој пијалак е идеален оброк за брз утрински појадок.

Интензивно розовата боја на ова смути ја дава цвеклото кое е богато со калиум, калциум, магнезиум, манган и железо.

Содржи и витамини од групата Б, меѓу кои најмногу се издвојуваат рибофлавинот и витаминот Ц, благодарение на кои оваа напивка е идеална за студените зимски месеци и за кревање на енергијата наутро.

Калциумот е минерал кој ја регулира кисело-алкалната рамнотежа во сите телесни течности, додека магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.

Манганот, исто така минерал, го олеснува метаболизмот на протеините и јаглехидратите и ги активира ензимите одговорни за користењето на клучните хранливи материи, како што се витамините Б, кои се неопходни за имунолошкиот и нервниот систем.

Витаминот Ц е исто така добар за функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, а е и моќен антиоксидант. Калиумот помага во комуникацијата со мускулите и нервите, движењето на другите хранливи материи во клетките и го одржува нивото на натриум во телото.

Фото: ROMAN ODINTSOV / Pexels

Состојки:

– 1 мало печено цвекло
– 1/2 замрзната банана
– 1 шолја млеко по избор
– прстофат сол
– засладувач по вкус (како што се урми, стевиа или јаворов сируп)
– 1 лажица какао во прав по желба

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете изедначена, мазна смеса, сипете во висока чаша и уживајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот