Емили Ратајковски се отвори за разводот: Се чувствував анксиозно и нагло ослабнав многу килограми

Емили Ратајковски и Себастијан Беар-Меклард во 2018 година / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Американската манекенка Емили Ратајковски (32) проговори за разводот на бракот со филмскиот продуцент Себастијан Беар-Меклард (36).

Имено, 32-годишната манекенка одбива да гледа на разводот како на свој неуспех. Според неа, „гламуризирањето“ на разводот и не е толку опасно, пренесува австралиската веб-страница „Њуз“.

„Не, не е лошо. Може да се каже дека е и кул“, изјави Ратајковски за табуата поврзани со разводот.

Таа додаде дека зборувањето за разводот ѝ помогнало и дека е среќна што била отворена и искрена за тоа.

„Дури и самото споделување на моето искуство (со разводот) беше малку катарзично, но и убаво. Не сакам сите да мислат дека сум некаква совршена личност“, рече таа.

Емили Ратајковски и Себастијан Беар-Меклард во 2018 година / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

И покрај искреноста, таа не зборуваше премногу за причините за разводот, туку ги наведе причините поради кои ѝ било тешко.

„Имав дете, па многу сакав да го имам тоа семејство. Затоа ми беше особено тешко да си заминам“, објаснила манекенката и додала дека претходно не сакала јавно да зборува за тоа бидејќи сакала да се фокусира на нејзиниот син.

Ратајковски не негира дека разводот е тежок, но тврди дека знае што значи тоа.

„За сите оние кои се под стрес поради разводот, тоа е добро и – честитки“, рече таа.

Себастијан Беар-Меклард и Емили Ратајковски во 2020 година / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Исто така, таа сподели и дека поради вознемиреност ѝ било тешко да се храни здраво и дека, како новопечена мајка, многу ослабела.

„Изгубив еден тон тежина откако се роди син ми и не можев да ги вратам килограмите. Не можев да уживам во храната, се работеше за мојата анксиозност… Кога сум под стрес, јас престанувам да јадам. Јас не сакам да бидам олку слаба, но благодарение на тоа јас добив многу работни ангажмани и модни ревии“, раскажа манекенката.

Како потсетување, Емили Ратајковски се раздели од Себастијан Беар-Меклард во јули минатата година, а причина за нивната разделба, наводно, било неверството на Меклард. Тие беа во брак од 2018 година, а во март 2021 го добија синот Силвестер Аполо Беар.

„Тие се разделија неодамна. Тоа беше одлука на Ем. Ќе ѝ биде добро, таа е силна и е фокусирана на синот. Обожава да биде мајка“, изјави тогаш близок извор за „Пипл“.

ФОТО | Емили Ратајковски го промени имиџот: Секси фотографиите ги лајкнале милион луѓе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот