
Елтон Џон си ја отвори душата: „Не можам да гледам телевизија, да читам, да гледам како моите момчиња играат рагби и фудбал“
Музичарот Елтон Џон (78) откри дека не може да чита, да гледа телевизија или да гледа како синовите спортуваат поради губење на видот, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Легендарниот музичар во јули добил тешка инфекција на окото и ослепил на десното око, додека видот на левото му бил значително ослабен.
“Ве гледам, но не можам да гледам телевизија, не можам да читам. Не можам да ги гледам моите момчиња како играат рагби и фудбал, тоа беше многу стресен период бидејќи сум навикнат да апсорбирам сè околу мене. Вознемирувачки е. Стануваш емотивен, но морам да се навикнам бидејќи сум среќен што имам ваков живот”, рекол тој.
„Сè уште го имам моето прекрасно семејство и сè уште можам да видам нешто со ова лево око. Затоа си реков – само продолжи“, позитивно додаде тој.
Иако не можеше да присуствува на некои настани во последните месеци, како настапот на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada), тој остана оптимист.
„Јас сум вечен оптимист, моментално имам проблеми со видот. Имаше денови кога бев мизерен, но потоа размислив за тоа колку навистина имам среќа. Сега имам нова почит кон луѓето кои имаат оштетен вид, но имам одличен живот и се надевам дека мојот вид ќе се подобри. Ги надминав зависностите, здравствените проблеми и секогаш знам како да се подигнам и да продолжам“, рече тој.
Елтон Џон своите последни настапи ги имаше минатото лето, а за проблемите со видот за првпат јавно проговори во септември. Потоа истакна дека го чека долго закрепнување и дека тој и неговото семејство се фокусирани да се подобрат.
Музичарот живее со сопругот Дејвид Фурниш (62) и нивните двајца синови.