Елиф Елмас („Торино“)/фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Елмас пред враќање во Наполи: Преговорите со РБ Лајпциг се во завршна фаза

Експертот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Елиф Елмас наскоро би можел повторно да го облече дресот на италијанскиот Наполи.

Романо известува дека враќањето во Неапол е неизбежно, а преговорите се во завршна фаза со германскиот РБ Лајпциг, клубот на Елмас.

Новите информации велат дека денеска ќе се одржат нови директни контакти за да се постигне договор. Наполи ќе покрие 100% од платата на Елиф Елмас со почетната позајмица.

Претходно италијанските медиуми најавија дека едногодишната позајмица ќе вреди два милиони евра, со опција за откуп од 16 милиони евра.

Елмас го засили Лајпциг во јануари 2024 година за 23 милиони евра и одигра споредна улога во втората половина од сезоната на тимот од Бундеслигата.

Минатата сезона, Елмас беше испратен на позајмица во Торино со опција за откуп. Играчот за врска одигра 13 натпревари во Серија А, постигнувајќи четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот