Елиф Елмас / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Елмас нема дилеми: Ќе направи сѐ за да се врати во поранешниот клуб

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас би можел да се врати во Наполи до крајот на овој преоден рок. Италијанскиот клуб започна преговори со германскиот Лајпциг за негов ангажман, а како опција засега се најавува позајмица.

Според информациите од италијанските медиуми, Лајпциг е подготвен да го пушти Елмас назад во Неапол, но само под услов да добие соодветна понуда. Преговорите се во тек, а главна тема во моментов е формулата за евентуалниот трансфер, најверојатно ќе се работи за позајмица со опција за откуп, а околу клаузулата сè уште се усогласуваат деталите.

За Елмас нема дилеми. Тој изразил јасна желба да се врати во клубот каде што го освои Скудетот и останатите опции во овој момент не ги разгледува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот