EPA-EFE/CESARE ABBATE

Елмас: Македонија повторно ќе игра на големо натпреварување

По историскиот настап со македонската репрезентација на Евро 2020, Елиф Елмас им се врати на клупските обрврски каде во новата сезона ќе игра под водство на нов тренер, Лучано Спалети.
На стартот од подготовките, Елмас во разговор со италијанските меидуми зборуваше за настапот на Македонија на Европското првенство и „дијамантот“ притоа истакна дека ова нема да биде последен пат „рисовите“ да бидат учесници на едно големо натпреварување.

– Да се биде дел од европското првенство е навистина импресивно искуство, прекрасно чувство да се бранат боите на својата земја. Верувам во нашите квалитети, убеден сум дека ќе се вратиме, дека Македонија пак ќе игра на едно големо натпреварување – изјави Елмас.

Македонскиот репрезентативец исто така на медиумите им откри дека ужива во Неапол и во вкусната пица.
– Да се носи дресот со број седум на Наполи е голема чест бидејќи врвни играчи го имале овој дрес на грбот низ историјата. Мојот омилен спомен од Наполи досега е освоениот трофеј во Купот на Италија. Уживам во Неапол, луѓето овде се топли. Има и превкусна пица, тоа е моето омилено јадење. Фаворити ми се маргарина и карпичиоза – вели Елмас.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!