фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Елиф Елмас веќе е во Германија: Медицински прегледи, па потпишување договор со Лајпциг

Претседателот на актуелниот италијански шампион Наполи, Аурелио Де Лаурентс, потврди дека Елиф Елмас е продаден, а негова следна дестинација ќе биде Лајпциг.

Тоа ќе биде нов голем предизвик за македонскиот фудбалски „дијамант“, новинарот Фабрицио Романо објави на својот Твитер профил дека нашиот репрезентативец е веќе во Германија.

Елмас треба да ги помине задолжителните медицински прегледи, а подоцна во текот на денешниот ден ќе следи и официјалниот потпис (долгорочен договор) со бундеслигашот.

Наполи ја прифати понудата од 25 милиони евра за 24-годишниот играч од средниот ред. Како што известува Романо, Елмас ќе го напушти Неапол и ќе добие траен договор од Лајпциг.

Пет години беше во дресот на Наполи со кој успеа лани да ја освои титулата во Серија А, а во сезоната 2019/20 и пехарот во Купот на Италија.

Оваа сезона пред разделбата со Наполи во шампионатот имаше 11 настапи и два голови, севкупно во Серија А запиша 14 голови. Се истакна и во Лигата на Европа со четири погодоци и една асистенција.

На клупски план беше дел и од Работнички и Фенербахче, а за најдобрата македонска репрезентација до сега запиша 52 настапи и 12 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот