
ФОТО | Ели Голдинг е во љубов со 10 години помлад дечко: Актерот се пофали со нејзината гола фотографија во кревет
Новото момче на британската музичка ѕвезда Ели Голдинг (38), актерот Бо Минијар (28), сподели фотографија со пејачката, откако двајцата ја обелоденија својата врска со провокативна фотографија, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Пејачката првпат се појави јавно со актерот на почетокот на овој месец, кога заедно прошетаа низ Лондон, а со оглед на тоа што ретко ја делат својата приватност, многумина беа изненадени од новата фотографија на парот.

Се претпоставува дека тие ја започнале романсата летово, бидејќи во јули Минијар објави фотографија од голата Голдинг во кревет. Тогаш актерот сподели повеќе фотографии, меѓу кои и онаа на жена за која, според видливите тетоважи, се претпоставуваше дека е пејачката.
Наводно, Голдинг го запознала Минијар на почетокот на оваа година. Во јули, таа навести дека се во врска со таинствено видео на ТикТок во кое нежно галеше машка рака. Видеото подоцна исчезна од нејзиниот профил.

Обожавателите забележаа дека часовникот што го носел мажот во видеото е ист со оној што Минијар често го носи на своите фотографии на Инстаграм. Исто така, навидум откриле дека двајцата објавиле фотографии од ист хотел во Фиренца, пред да се појават заедно на боксерски меч.
„Ели е многу приврзана за Бо и делат многу заеднички интереси, како што се вежбањето и уметноста. Се забавуваат заедно и навистина се атрактивен пар“, изјавил извор.
Ѕвездата кратко се гледаше и со инструкторот за сурфање Армандо Перез, кај кого побара утеха по крајот на бракот. Се запознале на крајот на 2023 година во Костарика, каде што пејачката изнајмила луксузна вила со пријатели, по тајното разделување со сопругот по пет години заеднички живот.

Гоулдинг и нејзиниот поранешен сопруг, Каспар Џоплинг, наводно живееле одвоено најмалку шест месеци пред официјално да ја објават разделбата, и покрај обидите да ја спасат врската поради својот син.
„Имаа многу различни животи, па беше природно со текот на времето и двајцата да продолжат понатаму. Сепак, останаа големи пријатели“, објаснил извор претходно.
ВИДЕО | Ели Голдин погодена на концерт: Пиротехничко средство од публиката ѝ влета во лицето