Екстрадиција во САД како причина: Северна Кореја ги прекина дипломатските односи со Малезија

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Пјонгјанг денеска објави дека ги прекинува дипломатските односи со Малезија, откако Куала Лумпур екстрадира државјанин на Северна Кореја во САД.

– Малезиските власти на 17 март извршија непростливо злосторство и со сила предадоа невин државјанин на Северна Кореја на САД, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Пјонгјанг екстрадицијата ја оценува како непријателски чин на Малезија извршен со „сервилност кон американските притисоци”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот