
Експресно: Вил Смит и Крис Рок добија понуда од 10 милиони фунти за боксерски меч
По скандалот со шамарот на синоќешното доделување на Оскарите, бокс за познати личности „Boxstar“ им понуди на холивудските ѕвезди Вил Смит и Крис Рок 10 милиони фунти за да ги решат нивните разлики во боксерскиот ринг во лондонската О2 Арена следниот месец.
Препорачано
„Вил Смит против Крис Рок има потенцијал да биде најголемата борба на годината, ако не и на векот, па има ли подобар начин да ги решат нивните разлики од рингот во преполната О2 Арена на 30 април. Во „Boxstar“, ние сме специјализирани да им дозволиме на познатите личности да стават ракавици и да се пресметаат на вистински начин, во боксерски ринг, и би ни било чест да ја освариме оваа борба. Ставаме на маса 10 милиони фунти, 50/50 зделка, се надеваме дека ќе ја прифатат на понудата и ќе им го дадат на обожавателите она што го сакаат“, изјави управниот директор на „Boxstar“, Дарен Лемб, пренесува „boxingnews24“.
Имено, „Boxstar“ обединува ѕвезди од светот на ријалити тв, музиката, спортот, комедијата и слично. Веќе на картата за борбената ноќ на 30 април во О2 арената се најавува мечот помеѓу Патрис Евра кој ќе се соочи со јутјуб-ѕвездата, Адам Салех.
Замислата на извршниот директор Стефан Мацијевски и извршниот директор Дарен Лемб, забележа успех со слични настани низ Велика Британија. Сега, за првпат, „Boxstar“ ќе се случи во Лондон со најголемата шоу со славни личности досега.