
Експертите советуваат: Еве каде не треба да го ставате телевизорот во дневната соба
Она што некогаш беше огниште за луѓето, сега е телевизирот.
Препорачано
За многумина тоа е главното парче мебел во дневната соба и доминира во просторот каде што повеќето луѓе поминуваат најмногу време. Има и такви кои прво го ставаат телевизорот, па го средуваат мебелот во однос на него.
Но, според дизајнерите на ентериер, ова е една од основните и главни грешки што луѓето ги прават без воопшто да се свесни.
Позиционирањето на телевизорот е клучно кога станува збор за целокупниот впечаток на ентериерот, а речиси никој не може да замисли дневна соба без него. За да избегнете непотребно уништување на изгледот на вашиот дом, обрнете внимание на најчестите грешки што ги правите:
Иако денес постојат многу модели на телевизори кои импресионираат со својот изглед и дизајн, тоа не треба да го ставате во преден план. Ова особено се однесува на црните модели, а според експертите, тие не треба да го заземаат централниот дел од дневната соба. Наместо да го планирате вашиот простор околу локацијата на телевизорот, направете го спротивното. Започнете со поставување мебел како софа, масичка за кафе и полици, а потоа преминете на поставување на телевизорот.
Премногу ниско или превисоко
Ако го поставите телевизорот премногу високо, ја расипувате естетиката на вашиот дом и значително го нарушувате изгледот на просторијата. Дополнително, гледањето телевизија може да биде прилично непријатно и неприродно ако вашата глава е навалена нагоре со часови. Ако телевизорот е поставен премногу ниско, ќе почувствувате болка во вратот и рамото.
Најдобрата опција е да го поставите телевизорот на висина на очите – додека седите.