ЕКСПЕРТИТЕ ОТКРИЈА: Автобусот на „Дурмо Турс“ не кочел и кршел банкини

На 13 февруари годинава од Србија патував за Гостивар. Кога ја пројдов првата патарина после Скопје возев зад автобусот. Во еден момент видов автобусот како сврти на десната коловозна лента. Тоа го стори како да се исклучува од сообраќај. Немаше никаков звук, кочење или пак нешто да чади од автобусот. Не видов ниту дека светат штоп-светлата. Помислив дека нешто му се случило на возачот, изјави денеска Сенад Хасани, кој живее и работи во Србија, а е сведок во случајот за сообраќајката која се случи на 13 февруари годинава во која загинаа 16 патници од автобусот на „Дурмо Турс“ кој излета од автопатот Скопје-Тетово.

– Јас возев околу 80 до 90 километри на час. Автобусот беше пред мене. Во еден момент автобусот сврте на десно, ги проби банкините и излета од патот. Автобусот беше превртен и паднат на земја. Се насобра многу народ. Луѓето им помагаа на повредените, а пристигнаа и екипи на Итна помош. Несреќата за мене беше голем шок – изјави сведокот Хасани.

Милан Ќосевски, професор на Машинскиот факултет во Скопје, сведок во процесот рече дека тој и други негови колеги од факултетот, по наредба од ОЈО започнале свој дел на анализа за причините за сообраќајката и за тоа изготвиле вешт наод и мислење.

– Нашиот увид започна со преглед на патот дали имало на пример некоја дупка која може го оштетила автобусот. И банкината беше цел на нашата истрага, како и локацијата каде беше автобусот. На патот немаше никакви дупки кој можеле да влијаат врз движењето на возилото. Нема траги на кочење од автобусот на автопатот. Возилото удрило и ја прегазило првата банкина. Автобусот со голема брзина удрил во втората банкина и преку неа преминал. Штом преминал на спротивната, страна на автопатот Тетово-Скопје, ја пробил третата банкина и излетал од патот. Токму тогаш возилото започнало да паѓа и се превртел – рече професорот Ќосевски.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс”, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот