
Ексдиректорката на агенцијата за „Еразмус+“ Лидија Димовa осудена на две години затвор
Димова треба во рок од шест месеци да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција, или околу 370.000 евра.
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, за што ја осуди на казна затвор од две години.
Препорачано
Според судот, Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила незаконска имотна корист на трети лица со што на Европските фондови е направена штета од 2,8 милиони денари, или нешто над 45 илјади евра.
-Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката.
Според Обвинителството, Димова во периодот од 2018 до 2020 година, како директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.
ВИДЕО | Лидија Димова: Ме распнаа, а Владата на СДСМ молчеше
Притоа, непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила , стручно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и слично, велат од Обвинителството.
Судот ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Двете најголеми партии продолжуваат да си вперуваат прст за злоупотребени европски пари од „Еразмус“
Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција, или околу 370.000 евра.