Еколошки организации бараат Ана Петровска да остане државен секретар во МЖСПП

Ние долупотпишаните, апелираме г-ѓата Ана Петровска да остане на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ние како еколошки организации сакаме да сведочиме дека г-ѓата Ана Петровска како државен секретар во минатата Влада беше пример за државен функционер со интегритет и професионализам. Г-ѓа Петровска е неуморен професионалец со големо искуство и знаење од областа на заштита на животната средина.

Како еколошки граѓански организации кои долги години работат во секторот животна средина уверуваме дека г-ѓата Ана Петровска е докажан експерт во својата област која покажа дека можни се промени и подобрувања.

Информациите за потенцијалната нејзина промена од позицијата, како активисти не’ вознемири и не’ запраша зошто успешниот кадар би се менувал, наместо да биде награден.

Честопати изложувана на ризик и непријатност, демонстрираше интегритет и достоинство во критични ситуации. Нејзината замена ја гледаме како чекор назад за многу здрави процеси, кои почнаа да се одвиваат во Министерството по нејзина заслуга.

Ние долупотпишаните, апелираме г-ѓата Ана Петровска да остане на позицијата државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Искрено се надеваме дека ќе го прифатите нашиот апел и ќе ги препознаете вистинските професионалци во државните институции и ќе ги поставите на вистинските места, како што беше државниот секретар на МЖСПП во изминатиот мандат.

Со почит,

· ДЕМ- Движење на екологистите на Македонија

· Здружение „Гоу Грин”- Скопје

· Асоцијација Ајде Македонија- Скопје

· Еколошко здружение „Здрава Котлина” – Струмица

· Еколошко здружение „Еко Долина” – Ново Село

· Граѓанска иницијатива „Скопје бара чист воздух

· Здружение Извиднички Поречански Одред Крсте Јон- Струга

· ЕД Еко-Рурал Пелистер с.Дихово Битола

· ЕД Сапунчица с.Дихово Битола

· ЗЗУЖС Еко-живот, Кавадарци

· Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)- Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот