фото: РК Еурофарм Пелистер

ЕХФ ги одреди термините за првите четири натпревари на Еурофарм Пелистер во ЛШ

Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во новата сезона од ЕХФ ракометната Лига на шампионите.

Битолчани предводени од тренерот Александар Јовиќ ќе играат во групата „А“ заедно со Кјелце, ПСЖ, Кил, ППД Загреб, Алборг, Пик Сегед и Колштад.

Своите домашни мечеви Еурофарм Пелистер ќе ги игра во салата „Боро Чурлевски“. Во првото коло на 13 септември со почеток од 18.45 часот Еурофарм Пелистер ќе го пречека норвешкиот Колштад.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за првите четири кола од групната фаза на ЛШ.

Група „А“:
13 септември (18.45 часот) – Еурофарм Пелистер – Колштад
20 септември (20.45 часот) – Алборг – Еурофарм Пелистер
28 септември (20.45 часот) – Еурофарм Пелистер – Кил
12 октомври (20.45 часот) – ПСЖ – Еурофарм Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!