Илустрација - Фото: Јутјуб/Принтксрин

Егзотични полжави се загрозени поради шверц и изработка на накит: Научниците се обидуваат да го спасат видот

Светло обоените полжави од расата Полимита, кои живеат во источниот дел на Куба, се загрозени од колекционерите кои ги собираат нивните школки, поради што е започнат проект за спасување. Експертите за заштита на природата веруваат дека трговијата со нивните школки, кои главно се користат за изработка на накит, може да доведе до нивно истребување, објавува „Би-Би-Си“.

Најзагрозениот вид е Полимита сулфуроза, кој е лимета зелен со сини пламени шари околу неговите спирали и светло портокалови и жолти ленти по неговата школка.

Генетичарот и експерт за мекотели од Универзитетот во Нотингем, Ангус Дејвисон, вели дека сите полжави од расата Полимита се впечатливо светли и шарени.

„Една од причините зошто сум заинтересиран за овие полжави е затоа што се толку убави. Нивната убавина ги привлекува луѓето кои ги собираат и тргуваат со нивните школки. Значи, токму она што гиправи различни и интересни за мене како научник е, за жал, она што ги прави и загрозени“, рече тој.

Школки од Полимита мож е да се купат на продажба преку интернет – 7 за 160 фунти. Според Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови, нелегално е да се изнесуваат полжавите или нивните школки од Куба без дозвола, но е легално да се продаваат школките на друго место. Затоа, научниците почнаа да ги собираат во дивината за размножување и истражување, меѓународен проект кој има за цел подобро да ја разбере еволуцијата на полжавите и да обезбеди информации што ќе помогнат во зачувувањето.

Дејвисон го води и проектот со биологот Бернард Рејес-Тур од Универзитетот Ориенте во Сантијаго де Куба, кој дури ги однел полжавите во својот дом за студијата.

„Тие сè уште не се пареле, но се снаоѓаат добро. Тоа е многу предизвикувачки потфат – имаме постојани прекини на електричната енергија, рече тој.

Истражувањето се спроведува и во добро опремените лаборатории на Универзитетот во Нотингем, каде што Дејвисон и неговиот тим можат да складираат мали примероци од ткиво од полжави во криогени замрзнувачи за да ги зачуваат, а овој материјал може да се користи за читање на геномите на животните – биолошкиот сет на кодирани инструкции што го прават секој полжав она што е.

Тимот има за цел да ги искористи овие информации за да потврди колку видови постојат, како се поврзани едни со други и кој дел од нивниот генетски код им ги дава нивните извонредни, уникатни обрасци на бои.

„Источна Куба е единственото место во светот каде што постојат овие полжави. Има луѓе кои живеат и работат таму кои ги познаваат овие полжави, ги сакаат и ги разбираат. Се надеваме дека генетските информации што можеме да ги добиеме ќе можат да се искористат за да се придонесе за нивно зачувување“, рече Дејвисон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот