Ефтимов: Штип е огромна депонија, а ЈП „Исар“ троши луксузно (ВИДЕО)

Трошиме за сладолед, а немаме за основни потреби на граѓаните. Ова очигледно е новата парола на ЈП „Исар“, кој секоја година набавува луксузни работи од парите кои ги собира од граѓаните, вели Игор Ефтимов од редовите на опозициската партија ВМРО-ДМНЕ. 

Спротивно на ова, потенцира Ефтимов, ЈП „Исар“ не ги сервисира основните проблеми на граѓаните, градот стана една огромна депонија, отпадот и нечистите улици се работи со кои секојдневно се соочуваме.

-Неуредени паркови и запоставени детски игралишта е сликата која што асоцира на овој град. Необезбедување на вода во домаќинствата во период на КОВИД пандемија е состојба на која што веќе се навикнавме. Набројаното е само доказ дека ЈП „Исар“ не работи во името на граѓаните. Услугите за кои што им се плаќа и кои што се дел од нивната основна дејност непрофесионално се извршуваат, додека претпријатето се луксузира од тешко заработените пари на просечниот граѓанин– рече Ефтимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот