Фото: Профимедиа

Авторката на „Хари Потер“ ја повика полицијата да ја уапси поради нејзините ставови за трансродовите лица

Писателката Џоана К. Роулинг, авторка на популарниот книжевен серијал „Хари Потер“, веќе некое време предизвикува бурни реакции во јавноста поради своите ставови за трансродовите лица, а тоа повторно го направи со коментарите за шкотскиот закон против криминал од омраза.

Роулинг, која живее во Единбург, во нишка од објави на Икс (поранешен Твитер) ги нарече трансексуалните жени – мажи и ја повика полицијата да ја уапси доколку сметаат дека направила престап со нејзиниот став.

Таа истакна дека е „крај на слободата на говорот“ ако со закон е забранет „точниот опис на биолошкиот пол“.

Претходно, шкотскиот премиер Хамза Јусаф изјави дека новиот закон ќе застане на патот на „растечкиот бран на омраза“.

Така, новиот Закон за криминал од омраза и јавен ред сега вклучува член за „поттикнување омраза“ поради возраст, попреченост, религија, сексуална ориентација, трансродовиот идентитет или интерсексуалност. Сепак, жените како група не се заштитени од омраза според новата рамка, а шкотскиот парламент треба да го реши ова прашање во посебен предлог-закон за мизогинија.

Роулинг, која редовно критикува одредени постапки на поборниците за правата на транс-лицата, се огласи на социјалната мрежа Икс на денот кога беше усвоена измената на законот.

„Се чини дека шкотските законодавци им ставија поголема вредност на чувствата на мажите за нивната идеја за женственост, колку и да е мизогина или опортунистичка, отколку на правата и слободите на вистинските жени и девојки“, рече Роулинг.

„Невозможно е точно да се опише или да се справи со реалноста на насилство и сексуално насилство врз жените и девојчињата или да се решат актуелните напади врз правата на жените и девојките, ако не ни е дозволено да го наречеме мажот – маж. Тоа е крајот на слободата на говорот и верувањето во Шкотска ако точно се опишува биолошкиот означен како кривично дело“, додаде писателката.

Роулинг истакна некои проблематични примери, вклучувајќи ги трансродовите силувачи Исла Брајсон и Ендрју Милер, кои киднапирале и малтретирале девојка во Шкотска. Таа во низа објави ги опиша како мажи, но ги критикуваше и трансродовите активисти.

„Моментално сум надвор од земјата, но она што го напишав овде се квалификува како прекршување на новиот закон. Едвај чекам да ме уапсат кога ќе се вратам во родната земја“, напиша Роулинг, сепак, потенцирајќи дека објавата ѝ првоаприлска шега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот