
Едноставно им е секси: Дел од телото од кој жените најмногу се срамат, а мажите – го обожаваат
Спротивно на мислењето на многу жени, делот од телото што најчесто го кријат поради несигурност, всушност е еден од најпривлечните за мажите, пишува „Дневник“.
Препорачано
Позната странска фитнес-страница спровела анкета за тоа кои физички особини се најпривлечни кај двата пола, а резултатите довеле до изненадувачки заклучок – токму стомачето.
И мажите кои преферираат атлетски граден изглед изјавиле дека стомачето е секси и попривлечно од совршено извајани стомачни мускули.
Кога станува збор за лицето, 87 проценти од мажите признале дека прво ги забележуваат очите, а веднаш потоа усните. Повеќето од испитаниците изјавиле дека им се допаѓа просечен изглед на женското тело, додека атлетски градено тело е приоритет за само три проценти од нив.
Во друга анкета на фитнес страница, во која учествувале 2000 испитаници, 48 проценти од мажите изјавиле дека најмногу сакаат жени со облини, 22 проценти преферираат просечно градено тело, а останатите се определиле за слаба или мускулеста фигура.
А какво машко тело е најпривлечно за жените? Иако не кријат дека уживаат да погледнат во извајано тело, најголемиот дел од нив сепак се изјасниле дека најмногу ги привлекува просечно граден маж. Жените немаат ништо против малку повеќе телесни масти и дури велат дека таквиот изглед им е поинтересен од совршено дефинирани мускули. Најмногу внимание им привлекуваат широките рамена и поголемиот граден кош, а тоа е и делот на кој прво обрнуваат внимание.