
Една работа мора да ја знаете пред да ја примите втората доза на вакцината против ковид-19
Сѐ повеќе луѓе се вакцинираат против коронавирусот ширум светот. Токму поради тој факт, можеби се чини дека сè се враќа во нормала, но сепак, сѐ уште не е време да ја фрлите маската од лицето.
Препорачано
Иако може да се чувствувате заштитени по првата доза на вакцината, важно е да имате предвид дека заразата со вирусот е сѐ уште можна.
Д-р Натали Вилијамс појаснила што може да се очекува по втората доза и кога можеме да се вратиме во нормалниот живот.
Почекајте со нормалните активности до втората доза на вакцината
Според д-р Вилијамс, истите грешки луѓето ги повторуваат 3 до 4 недели по првата доза на вакцината. „Фајзер“ и „Модерна“ имаат многу слаб имунолошки одговор по првата вакцинација, затоа, за целосна заштита е потребно да се почека втората доза, од 21-28 дена по примањето на првата.
Истото го потврдија и експертите од Центарот за превенција и контрола на болести, бидејќи извештаите покажуваат дека инфекцијата по првата вакцина („Фајзер“ и „Модерна“) може да биде можна и до 80 отсто, додека втората доза ќе ја зголеми ефикасноста на вакцините до 90 отсто по две недели.
Можете да се заразите по првата доза на вакцината
Сите сакаме да патуваме, да се дружиме со пријателите и да одиме без маска, но бидете трпеливи. Д-р Вилијамс советува да ја почекате втората доза, бидејќи можете да ја ширите заразата и да се заразите.
По првата вакцина, можете да очекувате симптоми како што се болка во раката, замор, температура и гадење, но тие не се причина за загриженост. Но, овие симптоми може да бидат и поинтензивни по втората доза, но би требало да исчезнат по неколку дена.
Важно е, вели д-р. Вилијамс, да го сфатите концептот на ефикасноста на вакцините, а станува збор за тоа како таа дејствува кога се тестира. Првичните студии за ефикасност не ги земаат предвид непознатите работи кои се својствени за некои луѓе, ниту промените што доаѓаат, како што е појавата на новиот сој на вирусот. Забележани се случаи кога некоја личност се заразила по првата доза, што не би требало да се случи по втората доза. Токму поради оваа причина, потребно е да се почека втората доза на вакцината пред да се вратиме во „старото“ нормално.
Ако ги забележете овие шест симптоми по вакцинирањето, веднаш побарајте лекарска помош
Веројатноста за појава на нарушување на згрутчувањето на крвта како можна нуспојава од вакцинацијата е исклучително мала, но луѓето треба да бидат свесни за можните симптоми со цел да ги препознаат и да побараат итна медицинска помош што ќе им овозможи навремено лекување и намалување на ризикот од компликации.
Крвните згрутчувања придружени со мал број на тромбоцити може да се појават од четири до 20 дена по вакцинацијата. Вакцинираните лица треба да побараат итна лекарска помош доколку ги забележат следниве симптоми:
- краток здив (отежнато дишење)
- болки во градниот кош
- oтекување на нозете
- долготрајни болки во стомакот
- невролошки симптоми, како што се силна и долготрајна главоболка или заматен вид
- знаци на ситно точкасто крвавење (модринки) на кожата оддалечени од местото на примената вакцина
Податоците за зачестеноста и ризичните фактори за настанувањето на овој многу редок вид на нуспојави сè уште се оскудни.