Тина Тарнер / Фото: Фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Една година без кралицата на рокенролот: Животот на Тина Тарнер не бил лесен, поминувала низ пекол со поранешниот сопруг

Легендарната Тина Тарнер почина пред една година на 83-годишна возраст по долго боледување, во својот дом во Куснахт, во близина на Цирих. Во текот на нејзината соло-кариера, таа ги создаде некои од најпознатите песни во светот, меѓу кои „Proud Mary“, „What’s Love Got To Do with it“, „Private Dancer“, „The Best“ и многу други. Фризурата како лавовска грива, мини здолништето и долгите нозе отсекогаш биле нејзин белег.

Таа е пејачката која со својот препознатлив глас ги освојуваше светските сцени повеќе од половина век, и продаде 200 милиони албуми, со што сруши рекорд во историјата на музичката индустрија. Има освоено бројни награди, вклучително и осум Греми, и има продадено повеќе билети од кој било соло-изведувач во историјата.

Фото: Instagram/ Tina Turner

„Ја напуштив Америка затоа што бев многу поуспешна во друга земја, а мојот дечко е од друга земја. Во основа, на Европа повеќе ѝ се допадна и ја поддржуваше мојата музика“, изјавила тогаш Тарнер.

Таа живеше во замокот со нејзиниот сопруг Ервин Бах до нејзината смрт. Пејачката и музичкиот продуцент се запознале во 80-тите години и се заљубиле на прв поглед и покрај тоа што Ервин е речиси 17 години помлад од Тина. Таа имала 46 години кога се запознале, а тој 30. Тина и Ервин се венчаа во 2013 година на граѓанска церемонија во замок на езерото Цирих. Недолго по венчавката, Тина имаше здравствени проблеми и само три недели по венчавката доживеа мозочен удар.

Фoто: EPA PHOTO ANP/ED OUDENAARDEN/hh

Три години подоцна, на музичката дива ѝ беше дијагностициран рак на дебелото црево и хипертензија, што ја чинење бубрег. Сепак, нејзиниот сопруг ѝ го спасил животот и ѝ донираше бубрег.

„Тогаш ме шокираше. Рече дека сака да ми даде еден од неговите бубрези“, рекла пејачката.

Патем, животот на Тина не беше лесен. Поранешниот сопруг Ајк Тарнер често психички и физички ја малтретирал. Приказната за нивната врска е раскажана во филмот „What Love Has to Do with It“ од 1993 година.

Фото: EPA/MARKUS STUECKLIN

На денот на нивната венчавка Тина имала 22 години, а Ајк 29. Тина се согласила затоа што отсекогаш се плашела од Ајк, кој во тоа време се борел со зависност од кокаин, а исто така бил и насилен – ја напаѓал со што и да му дошло до рака. Ајк одлучил тие двајца да се венчаат во Тихуана, место каде младите оделе да се венчаат брзо и лесно, но истото место каде што морнарите оделе да се забавуваат со проститутки.

„Во една мала, валкана канцеларија, еден човек ми пренесе неколку хартии преку масата за да ги потпишам. И тоа беше тоа… Никој не рече: ‘Можеш да ја бакнеш невестата’. Без здравици, честитки, а да не зборуваме за она дека живееме среќно“, рекла еднаш таа.

Фото: no, Credit line: CW/MPI / Capital pictures / Profimedia

Потоа го опишала и моментот кога Ајк ја однел во бордел каде, како што рекла, морала да гледа секс-шоу во живо на првата брачна ноќ.

Во 1968 година Тина се обидела да се самоубие, поради бракот во кој трпела од физичко до психичко насилство и проголтала околу 50 апчиња за спиење.

ВИДЕО | Соборен светски рекорд во чест на Тина Тарнер: Шест илјади луѓе танцуваа на песната „Nutbush City Limits“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот