Патнички воз на МЖ/Фото: Архива на Слободен печат

Единствено со писмено барање до железница, возовите ќе застануваат на локалитетот Стоби, МЖ укина 10 стојалиштата

Ако сакате со воз да отидете на археолошкиот локалитет Стоби, ќе треба да поднесете писмено барање или да пратите меил до МЖ транспорт, во кој ден и час барате возот  да застане на постојката. Ова е новото правило кое од 1 јули го спореведе Железница транспорт, бидејќи решија да укинат десет железнички постојки-стојалишта долж пругите во земјава: Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Ореше, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“.

Како што појаснија од МЖ за МИА, укинувањето е поради тоа што овие стојалишта не биле рентабилни односно никој од патниците подолго време не се симнувал на нив. Тоа било заклучено по повеќе од  едногодишното истражување спроведено од нивни тимови. Воедно, појаснија дека со тоа МЖ ќе заштеди финансиски средства, бидејќи само едно запирање на возот, МЖ транспорт го чини 300 евра. Тие појаснија и дека од три воза, два не запираат на овие станици.

Како што посочија и со примери, увидено е дека голем дел од поранешните жителите од село Ореше кои таму одат повремено, користат сопствен превоз – автомобил. Тие, пак, кои патуваат со возот не запираат на станицата во Ореше, туку во Богомила, а потоа со такси до село Ореше.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот