Фото: Профимедиа

Единствениот деликатес кој е полн со магнезиум и железо, а многу луѓе го избегнуваат

Многумина го избегнуваат овој деликатес од страв да не се здебелат, а тој е полн со хранливи материи.

Кога станува збор за слатките, често е тешко да им се одолее, а штом ќе почнеме да ги јадеме, уште потешко е да престанеме.

Последиците се добро познати: висок шеќер во крвта, дебелина поради висок внес на калории, а без хранливи материи, мрсна кожа и низа други проблеми, но постои еден сладок деликатес кој експертите често го препорачуваат како пожелен во исхраната.

Во прашање е темното чоколадо.

Топ-моделот Синди Крафорд, една од жените кои со својата убавина ги одбележаа деведесеттите години, а која сè уште доминира на модните писти, своевремено на својот профил на Meaningful Beauty на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, напиша дека коцка црно чоколадо е нејзино секојдневно уживање.

– На крајот од ручекот, секогаш земам мало парче темно чоколадо. Тоа е порака до моето тело дека оброкот е готов – изјави Синди за „Кат“.

Зошто треба да јадеме темно чоколадо?

Научните истражувања покажаа бројни предности од консумирањето на овој деликатес, кој има голем дел од какао и обезбедува многу антиоксиданти и минерали.

Според медицинската платформа „Хелтлајн“, една штангла темно чоколадо од 100 грама, кое има од 70 до 85 отсто какао, содржи:

– 11 грама влакна

– 66 отсто од препорачаната дневна доза на железо

– 57 отсто од препорачаната дневна доза на магнезиум

– 196 отсто од препорачаниот дневен внес на бакар

– 85 отсто од препорачаниот дневен внес на манган, а богатa е со калиум, фосфор, цинк и селен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот