Фото: Pexels / Heitor Verdi

Единаесет работи што се случуваат со телото кога целосно ќе престанете да пиете алкохол

Прославите и посебните моменти се обележани со пиење понекогаш и поголеми количества алкохол, но факт е дека внесот на алкохол треба да се намали што е можно повеќе бидејќи може многу лошо да влијае на здравјето и на квалитетот на животот. Проверете какви добри промени ве очекуваат кога ќе го отстраните од секојдневниот живот.

Помалку несреќи

Алкохолот учествува во најмалку половина од сериозните повреди, вклучувајќи изгореници, давења, сообраќајни несреќи, падови и убиства. Дури и намалувањето на консумирањето за една третина може да го намали бројот на повреди и денови на боледување.

Иако често се верува дека една чаша црвено вино е добро за срцето, тоа е точно само во умерени количини (помалку од еден пијалак дневно). Намалувањето или прекинувањето на внесот на алкохол може да го намали крвниот притисок, нивото на триглицериди и ризикот од затајување на срцето.

Обновување на црниот дроб

Црниот дроб ги филтрира токсините, а алкохолот е штетен за неговите клетки. Прекумерното консумирање алкохол може да доведе до замастен црн дроб, цироза и други проблеми. Добрата вест: црниот дроб може да се регенерира, па затоа е секогаш корисно да пиете помалку или целосно да престанете.

Слабеење

Една чаша пиво има околу 150 калории, а виното околу 120. Алкохолот исто така го зголемува апетитот и ја намалува способноста да им оддолеете на нездравите намирници. Со исфрлањето на алкохолот, можно е да се постигне губење на килограмите.

Подобри односи

Умереното консумирање алкохол во општеството може да го подигне расположението, но прекумерното пиење може да создаде лоши навики и да ги отежни односите. Откажувањето од пиењето помага да се зајакнат односите, да се намали депресијата и анксиозноста и да се зголеми самодовербата.

Помал ризик од рак

Обилното пиење го зголемува ризикот од неколку видови на рак, вклучувајќи го и ракот на хранопроводникот, устата, грлото и дојката. Иако не е сосема јасно дали откажувањето го намалува ризикот, постојат докази кои укажуваат на потенцијални придобивки.

Го подобрува сексуалниот живот

Умерено количество алкохол може да ја зголеми сексуалната желба, но прекумерното пиење има спротивен ефект. Кај мажите може да предизвика проблеми со ерекцијата, додека кај жените може да го намали либидото и да предизвика сувост на вагината. Затоа, намалувањето на алкохолот автоматски го подобрува вашиот сексуален живот.

Подобар сон

Алкохолот може да ве заспие, но ги попречува длабоките фази на сонот, како што е РЕМ, и го прекинува сонот во текот на ноќта. Избегнувањето на алкохол, особено попладне и навечер, може да го подобри квалитетот на сонот.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Дури и една епизода на прекумерно пиење може да го ослаби имунолошкиот систем за 24 часа. На долг рок, големи количини на алкохол ја намалуваат способноста на телото да се бори против болести. Намалувањето на внесот на алкохол може да ја подобри отпорноста на болести.

Пинизок крвен притисок

Ако имате висок крвен притисок, намалувањето или прекинувањето на консумирањето алкохол може значително да помогне. Нормалниот крвен притисок е под 120/80, а се што е над 130/80 се смета за висок.

Појасно размислување

Зависноста од алкохол може да го наруши размислувањето и меморијата. Долготрајното прекумерно пиење алкохол може да ги забави моторните вештини и да го отежне препознавањето на емоциите кај другите. Престанувањето со пиење алкохол може да ги обнови овие способности.

Симптоми на одвикнување

Ако сте тежок консумент на алкохол, вашето тело може да реагира на прекинот на внесот на алкохол со симптоми како што се потење, забрзан пулс, гадење, повраќање, анксиозност, немир или халуцинации. Лекар или терапевт може да обезбеди поддршка и да препорача лекови за да го олесни процесот, пишува „вебмд“ (webmd).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот