
Еден од најславните англиски фудбалери на сите времиња може да биде нов тренер на Миовски
Поранешниот капитен на Ливерпул и англиската репрезентација Стивен Џерард, е блиску до враќање на клупата на Ренџерс, каде што веќе помина еден одличен период. Според британските медиуми, преговорите меѓу двете страни се веќе започнати, а разврската се очекува во текот на денот.
Препорачано
Гигантот од Глазгов синоќа го отпушти Расел Мартин, кој имаше катастрофален старт на сезоната. Ренџерс се наоѓа на разочарувачката осма позиција со само осум бода по седум кола и негативна гол-разлика од 6:7. Последниот удар беше ремито против Фалкирк, натпревар во кој Ренџерс водеше со 1-0 по голот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски, но не успеа да ја задржи предноста.
Џерард веќе еднаш го водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година и во последната сезона ја донесе долгоочекуваната титула во шкотската Премиер лига и тоа без ниту еден пораз, па поради тоа и навивачите посакуваат да се врати.
Во овој момент тој е без ангажман, а последниот го имаше во Ал Етифак во Саудиска Арабија од каде што замина во јануари.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
57мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5