
Eден од најголемите германски клубови по седум години се врати во Бундеслигата
Фудбалерите на Хамбургер (ХСВ) успеaa да се вратат во германската Бундеслига по убедливата победа од 6-1 против Улм, само едно коло пред крајот на натпреварувањето во Втората лига.
Препорачано
Иако натпреварот започна лошо за домашниот тим, гостите поведоа уште во 7. минута преку Том Гаал , ХСВ брзо се врати во игра. Веќе во 10. минута Лудовит Реис израмни на 1-1, а клучниот момент можеби следеше во 36. минута кога Самир Телаловиќ не успеа да реализира пенал за Улм.
Од тој момент натаму, сè одеше во корист на ХСВ. До крајот на првото полувреме поведоа со 3-1 благодарение на головите на Ранфорс Кенигсдорфер, по асистенција од поранешниот фудбалер на Работничк, Емир Сахити, и Дави Селке.
Во вториот дел, Улм се распадна, Филип Штромпф си постигна автогол во 48. минута, Кенигсдорфер вторпат се запиша во листата на стрелците во 62. минута, а конечните 6-1 ги постави Даниел Елфадли во 86. минута.
Со оваа победа, ХСВ сега има 59 бодови, еден повеќе од второпласираниот Келн, и четири повеќе од Елверсберг и Падерборн, кои повеќе немаат шанси за директна промоција во елитната лига.
ХСВ, еден од најголемите клубови во Германија, конечно се враќа во Бундеслигата, завршувајќи ја својата второлигашка агонија од седум години.
Тие се и еден од најстарите и најтрофејни клубови во германската фудбалска историја, oснован во 1887 година и има длабоки корени во германскиот спорт и беше еден од основачите на Бундеслигата во 1963 година.