Џена Фишер / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Ѕвездата од популарната серија „Канцеларијата“ откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка

Актерката Џена Фишер, која е најпозната по улогата на Пем Бисли во серијата „Канцеларијата“ (The Office), откри дека минатата година ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

Таа реши да ја сподели оваа информација по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката и истакна дека поминала низ хемотерапија и сега е здрава.

Преку објава на својот инстаграм-профил Џена детално ја опиша својата дијагноза, која ѝ била поставена во октомври минатата година кога отишла на рутински мамограф. По лошите резултати отишла на дополнителни тестови каде во декември ѝ бил дијагностициран првиот стадиум на тројно позитивен рак на дојка. Како што потврди, нејзиниот облик на рак бил агресивен, но сепак може да се излечи.

Таа во јануари годинава имала операција за отстранување на дел од ткивото на дојката, а ракот за среќа не се проширил. За да биде сигурна дека ракот нема да се врати, решила во февруари да оди на хемотерапија, а во јуни на зрачење.

„Среќна сум затоа што можам да кажам дека се чувствувам одлично“, рекла таа.

Благодарение на периките и капите, таа успеала да ја задржи својата болест во тајност, а одлучила јавно да проговори за да ги поттикне другите да направат мамографи и да ги преземат неопходните мерки за рано откривање на ракот.

„Веднаш повикајте го вашиот лекар и одете на преглед. Мојот тумор беше толку мал што не можеше да се почувствува за време на физичкиот преглед. Да чекав уште шест месеци, работите можеше да бидат многу полоши и можеше да се прошири”, рекла Џена.

Зборувајќи за борбата со болеста, таа истакна дека со оваа дијагноза животот веднаш се менува. Како што тврди, сè се сведува на прегледите на лекар, резултатите од тестовите, третманите и на крајот на опоравувањето.

„Одеднаш сè во вашиот живот е насочено кон борбата против ракот“, додала актерката.

Таа изрази посебна благодарност до нејзината колешка од серијата „Канцеларијата“, Анџела Кинси, тврдејќи дека долго време таа била единствената личност која знаела за нејзината борба со болеста.

Инаку, актерката Џена Фишер е во брак со режисерот Ли Кирк од 2010 година, а имаат две деца, синот Вестон Ли и ќерката Харпер Мари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Fischer (@msjennafischer)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!