
Ѕвездата на „Адолесценција“: Овен Купер стана најмладиот номиниран актер во историјата на наградите Еми
Британскиот актер Овен Купер, ѕвезда на серијата „Адолесценција“ (Adolescence), влезе во историјата на престижната американска телевизиска академија, откако на само 15 години доби номинација за најдобар актер во споредна улога во кратка серија или телевизиски филм, пишува Би-би-си.
Препорачано
Доколку победи, Купер ќе стане најмладиот машки добитник на актерска награда Еми досега.
Младиот актер ќе се натпреварува со својот колега од серијата, Ешли Волтерс, а во женската категорија за споредна улога ќе се соочат две актерки од истата серија – Кристин Тремарко и Ерин Дохерти.
Главниот актер во „Адолесценција“, Стивен Греам, е номиниран за најдобра машка улога, а самата серија, која следи приказна за 13-годишно момче обвинето за убиство на соученичка, се натпреварува за најдобра ограничена серија. Сценаристот Џек Торн, кој го создаде проектот заедно со Греам, е номиниран за најдобро сценарио.
Серијата „Адолесценција“ доби вкупно 13 номинации, но предничи сатиричната драма „Разделба“ (Severance) со дури 27 номинации, потоа следуваат „Пингвинот“ (The Penguin) со 24 и „Белиот лотос“ (The White Lotus) со 23 номинации.
Добитниците ќе бидат прогласени на свечената церемонија што ќе се одржи на 14 септември во Лос Анџелес.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5