
Џулија Робертс јавно проговори за тема за која Холивуд молчи: „Јас не се плашам!“
Холивудската миленичка Џулија Робертс зборуваше за нееднаквата положба на жените во филмската индустрија и призна дека „Холивуд сè уште останува многу машки свет“. Славната актерка, која наскоро ќе наполни 58 години, откри како научила да се избори за своето место во својата 35-годишна кариера – и тоа без страв.
Препорачано
„Често се наоѓам на маса каде што има само уште една жена. Но, не се плашам, во такви средини едноставно сум бестрашна“, призна Џулија Робертс во нејзиното ново интервју за „Сандеј тајмс“.
Џулија моментално го промовира новиот филм „After The Hunt“, во кој ја игра Алма, менторката на докторантката Меги (Ајо Едебири) која го обвинува нејзиниот професор Хенк (Ендру Гарфилд) за сексуално вознемирување. Филмот ги истражува моќта, границите и моралните дилеми во академска и лична средина, а актерката вели дека кога ја прифатила улогата, најтешко ѝ било да ја потисне сопствената емпатија.
„Како личност имам порив да ги заштитам и да се грижам за другите, а Алма е сосема спротивна на тоа. Ме исцрпи повеќе отколку што очекував“, призна добитничката на Оскар.
И покрај нејзините години и долгата кариера, Џулија Робертс не покажува знаци на забавување. Напротив, таа е подготвена да продолжи да ја предизвикува индустријата и да ја менува, без трошка страв.