
ФОТО | Џулија Робертс го слави 18. роденден на најмладиот син: Актерката сподели ретка фотографија од Хенри, тој е „копија“ на мајка си
Многумина ги користат социјалните мрежи за споделување семејни фотографии, но не и Џулија Робертс. Ретко ги гледаме нејзините деца, но сега таа објави фотографија од својот најмлад син.
Препорачано
Имено, таа објави ретка фотографија од својот син Хенри на својот инстаграм-профил, а поводот беше неговиот 18-ти роденден.
Заедно со фотографијата, гордата мајка напиша кратка и слатка порака со која му честита на својот син за полнолетството. Исто како и сите мајки, таа забележа колку брзо лета времето.
„Дур да трепнам, ова момче направи 18. Те сакам Хенри“, напиша Џулија.
View this post on Instagram
На фотографијата што ја објави, Хенри е во помлада возраст, насмеан и весел, што ги допре срцата на многу следбеници на познатата актерка, како и на нејзината колешка Џенифер Анистон, која напиша: „Среќен роденден, сладок Хенри“, додека сопругата на Том Хенкс додаде: „Хенри!!!!! Среќен роденден!!!!“
Џулија е позната по тоа што ги држи своите деца подалеку од очите на јавноста, па затоа оваа објава предизвика голем интерес кај нејзините следбеници.