
Џулија Робертс глуми во „најконтроверзниот филм на годината“, еве за што се работи
Кога Џулија Робертс, во својот впечатлив џемпер, првпат стапна на црвениот тепих во Венеција и го украде целото внимание на фотографите, тоа не беше само моден момент, туку и почеток на разговорот за „најконтроверзниот филм на годината“ во кој таа ја игра главната улога, пишува „Варајати“.
Препорачано
Во драмата „По ловот“ (After the Hunt), Робертс соработува со режисерот Лука Гвадањино на приказна која веќе се опишува како една од најтрогателните и најпровокативните филмски приказни во 2025 година.
Дејствието се занимава со чувствителната тема на обвинување за силување на универзитетскиот кампус и покренува прашања за моќта, вистината и последиците, но во исто време одбива да заземе „црно-бела“ страна.
Робертс ја толкува Алма Олсон, професорка по филозофија на „Јеил“, улога далеку поинаква од топлата и инспиративна менторка што ја играше во „Насмевката на Мона Лиза“.
„Најтешкиот дел за мене беше што не бев сочувствителна и емпатична… Имаше моменти кога навистина ми беше исцрпувачко; менталната гимнастика на начинот на кој таа го живее својот живот ми е многу непозната“, коментираше Џулија Робертс за „Варајети“.
Двигател на дејствието е моментот кога нејзината омилена ученичка Меги (Ајо Едебири, добитничка на Еми) го обвинува професорот Хенк (Ендру Гарфилд) за сексуален напад, при што Алма се наоѓа во виор од морални дилеми. Во исто време, таа се дистанцира од сопругот (Мајкл Стулбарг) и од нејзината најдобра пријателка (Клое Севињи).
Уште на премиерата во Венеција, филмот предизвика 6-минутен аплауз и бурна реакција: публиката беше поделена, а некои критичари го посочија почетокот на филмот, во кој имињата на актерите се наведени по азбучен ред, во стилот на Вуди Ален, како провокативен авторски потег.
View this post on Instagram