
Џорџ Клуни и Џулија Робертс зборуваа за воспитувањето на нивните деца: Моите деца беа веројатно последните од нивната генерација што добија телефони
Џулија Робертс и Џорџ Клуни, кои се исклучително блиски и приватно, отворено зборуваа за родителството и предизвиците што ги носи тоа денес. Во интервју за новиот број на списанието „72“, Робертс ги сподели своите искуства од воспитувањето на децата, додека Клуни ги изрази своите грижи во врска со осумгодишните близнаци Ела и Александар, кои ги воспотува со сопругата Амал.
Препорачано
Клуни призна дека е најзагрижен за пристапот на децата до интернет: „Ги држиме подалеку од интернет колку што е можно повеќе. Но дел од домашните задачи ги работат на компјутер, а исто така сакаат да гледаат добар филм со Снупи.“ Барајќи совет, тој ја праша долгогодишната пријателка Џулија Робертс како се справила со предизвикот.
Актерката, која има три деца со сопругот Дени Модер, близнаците Хејзел и Финеус (20) и синот Хенри (18), призна дека долго време биле познати како „строги родители“:
„Моите деца беа веројатно последните од нивната генерација што добија телефони. Дени и јас поставивме јасни правила, и за нив не можеше да се преговара. Никогаш немаше ситуација едно дете да добие еден одговор од мене, а друг од татко мо. Тоа нема да се случи.“
Џулија нагласи дека доследноста во воспитувањето е можна затоа што таа и нејзиниот сопруг секогаш ги делеле истите фундаментални вредности: „Тоа беше нашата сила, дека навистина бевме секогаш обединети во однос на она што ни беше важно.“
Актерката, која е во брак со Дени Модер 23 години, ретко јавно зборува за својот приватен живот, па затоа разговорот со Клуни понуди редок увид во нејзиниот семеен свет. Ова, вели Робертс, е клучот за стабилност: „Децата можеа да се чувствуваат безбедно затоа што знаеја дека постои цврст свет на љубов и сигурност кој не зависи од ништо друго. Сите родители го сакаат истото – нивните деца да растат со овие вредности.“