
Џорџ Клуни донесе една од најтешките одлуки во неговата кариера: Се повлекува од актерството за да им се посвети на близнаците
Џорџ Клуни, прославениот актер, режисер и продуцент, одлучи да „пресече“ и јасно стави до знаење дека бркањето големи проекти повеќе не му е приоритет.
Препорачано
Џорџ Клуни (64) откри дека ќе се откаже од актерската кариера за да може да се фокусира на 8-годишните близнаци што ги има со сопругата Амал, позната адвокатка за човекови права, пишва „Дејли мејл“.
„Веќе не сум по тоа лудачко брзање да бидам успешен. Имав кариера во многу аспекти и работите некако се смирија, па сега можам многу да бидам дома со моите деца и навистина е забавно. Сè уште сум доволно млад за да можам да трчам наоколу со нив. Тоа сега почнува брзо да исчезнува. Но, во моментов сè уште можам да го правам тоа. Значи, навистина се забавувам“, изјави Џорџ за „Екстра“ на Фокс.
Клуни , кој зборуваше на премиерата на неговиот последен филм „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Њујорк, верува дека ја жртвувал изминатата деценија за да работи во Холивуд на сметка на своите деца и сопругата Амал.
Клуни, кој со сопругата Амал ги има 8-годишните близнаци Александар и Ела, рече: „Дефинитивно не е само шоубизнис искуство. Веројатно ги имате истите разговори во речиси секоја професија. Жалам што ги пропуштив важните искуства на моите деца додека работев. Тоа е жртвата што ја правите за да успеете во која било работа.“
Инаку, на премиерата на филмот „Џеј Кели“, кој во кината излегува на 14 ноември, тој пристигна со својата сопруга, адвокатка за човекови права, 47-годишната Амал, која ги воодушеви сите во спектакуларен црвен мини фустан со кадифен горен дел и впечатлива здолниште со цветни детали.
View this post on Instagram
Славниот пар неодамна ја прослави 11-годишнината од бракот со романтична вечера.
Ѕвездената екипа на „Џеј Кели“ ги вклучува и Лора Дерн, Џим Бродбент, Рајли Кеоу, Исла Фишер, Били Крудап и режисерката на „Барби“, Грета Гервиг.