Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Џонсон: Апсолутно сум згрозен, руското бомбардирање на Харков е како српското врз Сараево

Бомбардирањето на украинскиот град Харков од руските сили е злосторство слично на нападите врз Сараево од страна на Србите во 1990 години, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на прес-конференција во Естонија, додавајќи дека таквите напади го обединуваат светот против Русија.

Коментирајќи го руското бомбардирање на цивилни објекти во Харков, во кое загинаа најмалку 10 луѓе, Џонсон рече дека е „апсолутно згрозен“.

„Тоа ме потсетува, доколку се сеќавате, на гранатирањето на пазарот во Сараево од страна на Србите, на бомбардирањето на недолжни луѓе во Босна. За мене тоа е намерно сторено злосторство против цивилни објекти. Мислам дека на луѓето им се превртуваат стомаците поради ова што се случува и гледаат дека е неопходно да се спротивстават на руската агресија и да ги поддржат Украинците“, рече Џонсон на прес-конференција во Естонија.

Во вторникот, зградата на локалната администрација во Харков беше погодена од руска граната.

ВИДЕО|Русија првпат нападна во близина на западните граници на Украина со земјите од ЕУ и НАТО- Харков наликува на Грозни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот