Фото: EPA/SHAWN THEW

Џоан Колинс се враќа пред камерите на 92 години: Злобната Алексис од „Династија“ доби нова, неверојатна улога

И покрај тоа што Џоан Колинс е во својата има 92 години, оваа позната актерка не се откажува. За неа годините се само бројка. Актерката која се прослави како Алексис во прочуената серија „Династија“, се враќа пред камерите.

Новата улога е напишана за неа, а во претстојниот биографски филм под наслов „Горки крај“ Ќе ја игла Волис Симпсон, војвотката од Виндзор.

Сценариото за филмот го напиша Луиз Фенел, а ќе го режира Мајкл Нуел. Фокусот ќе биде на последните денови на Симпсон во Париз.

– Тоа е вистинита приказна за последните години од животот на војвотката од Виндзор, откако починал војводата. Жената која ја преземала грижата за неа ја злоставувала, и одземала пари, облека, накит и ја оставила практично без ништо. Сценариото е многу добро, и тоа е голема чест за мене. Отсекогаш без воодушевена од Симпсон, бидејќи мислам дека не се однесувале праведно кон неа – изјавила Колинс.

Снимањата ќе започнат во мај оваа година во Лондон и Париз, пренесуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот