Џими Фалон - Фото: EPA/PAUL BUCK

Џими Фалон го откажа гостувањето на фестивал во Њујорк, само неколку часа по суспензијата на шоуто на Џими Кимел

Водителот на „The Tonight Show“, Џими Фалон, ненадејно го откажа гостувањето на фестивалот „Иновејшн Фестивал“ (Innovation Festival) во организација на „Fast Company“ во Њујорк, што предизвика бројни реакции во американската јавност, пишува Њујорк пост“.

Организаторите потврдија дека Фалон бил најавен како дел од панел-дискусија насловена „Staying On Brand“ („Остани брендиран“), но се повлекол во последен момент без да даде официјално објаснување.

Интересно е што неговото откажување се случило во ист ден кога телевизијата „Еј-би-си“ го суспендираше популарното шоу „Jimmy Kimmel Live!“. Причина за тоа беа контроверзните изјави на Џими Кимел поврзани со смртта на конзервативниот активист Чарли Кирк – потег кој предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи и во медиумите.

Иако јавноста веднаш почна да поврзува дали има врска меѓу двата настани, од таборот на Фалон засега нема официјален став. Тој важи за еден од највлијателните и највесели ТВ лица во САД, па неговото ненадејно откажување дополнително ги засили шпекулациите.

Панел-дискусијата сепак се одржа, а како замена за Фалон настапија маркетинг експертката Бозома Сент Џон и уредникот на Fast Company, Џеф Бир, кои ја продолжија дебатата за брендирањето и стратегиите во медиумскиот свет.

Останува да се види дали Фалон ќе се произнесе за причините за неговото повлекување и дали тоа е поврзано со актуелната медиумска бура околу Кимел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот