џим кери
Џим Кери / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Џим Кери речиси го загубил животот додека ја снимал најпознатата улога во својот живот

Филмот „Шоуто на Труман“ во режија на Питер Вир сè уште се смета за еден од најважните наслови од 90-тите, а воедно му донесе на Џим Кери една од најзначајните улоги во неговата кариера. Заплетот го следи Труман Бурбанк, „обичен човек“ кој несвесно живее во реалност каде е опкружен со лажни пријатели, сопруга, соседи и град кој всушност не постои. Само преку случајно откритие тој ја сфаќа вистината и се обидува да избега од тој свет.

Но, публиката ретко знаеше дека зад легендарните сцени лежи вистинска драма.

За време на снимањето на моментот кога Труман се обидува да избега со брод и се соочува со бура, Кери речиси загинал.

Додека огромните машини создавале бранови, а ветерот вештачки се засилувал од моќни мотори, актерот, облечен во тешка волнена облека, завршил под вода. Како што подоцна призна, неговата влажна облека го влечела на дното, а кога очајно ја кренал раката за да сигнализира за помош, дел од екипажот помислил дека глуми.

Со последен напор успеал да стигне до работ на сетот што ја претставуваше границата на замислениот свет на Труман, каде што останал, држејќи се за ѕидот, сè додека екипата конечно не сфатила дека не се шегува.

Инаку, Џим Кери неодамна се пензионираше, но кога сфати дека ги потрошил сите заштеди од 300 милиони долари, мораше да се врати на филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот