Џеси Џеј / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Џеси Џеј ја откри нејзината здравствена состојба: Ракот не се проширил, ме чека долго опоравување

Британската пејачка Џеси Џеј сподели новости за своето здравје во објава на Инстаграм.

Имено, таа откри дека нејзиниот рак не се проширил по мастектомијата. Џеси и нејзиниот двегодишен син Скај Сафир снимија видео во кое таа им кажаа на нејзините следбеници дека ќе биде добро.

Во видеото, Џеси го научила својот син да каже „Мама ќе биде добро“, што тој со задоволство го повторуваше.

„Добро сум, резултатите се дека ракот не се проширил. Солзите радосници се вистински. Ви благодарам за вашите молитви, љубов, добри желби, радост и целата ваша позитивна енергија. Мојот син е мојот најголем зрак светлина и со него во мојот живот, темнината никогаш нема да победи“, рече пејачката.

Џеси рече дека ќе има уште една операција за реконструкција на градите откако ѝ беше отстранета едната града.

„Имам многу заздравување и уште една операција пред мене“, додаде таа.

Зборувајќи за нејзиното закрепнување, Џеси изјави дека сè уште и е непријатно и малку болно, но нагласи дека може да се справи со тоа, тврдејќи дека се обидела да јаде подобро.

Таа исто така откри дека престанала да зема лекови против болки, тврдејќи дека тоа едноставно не е нејзина работа и дека сака да биде свесна за тоа како се чувствува, за да не претерува. Џеси нагласува дека по операцијата се чувствува позитивно и благодарно.

За потсетување, Џеси сподели информации за нејзината здравствена дијагноза со фановите за првпат на 3 јуни, а на концертот на 16 јуни на стадионот Вембли во Велика Британија, откри дека ова е нејзиниот последен концерт „пред да се обиде да го победи ракот на дојка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

ВИДЕО | Џеси Џеј го одржа последниот концерт пред да почне со терапијата: „Ќе го победам ракот на дојка!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот