Џенаро Гатузо/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Џенаро Гатузо ќе биде новиот селектор на Италија

Италијанската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор, наскоро ќе биде промовиран долгогодишниот репрезентативец Џенаро Гатузо.

По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство 2026 и убедливиот пораз од Норвешка, Италијанската фудбалска федерација одлучи да му се заблагодари на Лучијано Спалети и да го замени со поранешна легенда на Милан.

За разлика од неговата играчка кариера, која беше исполнета со трофеи, не само со неговиот клупски тим Милан, туку и со репрезентацијата кога ја освоија светската титула во 2006 година, Гатузо немаше забележителни резултати како тренер.

Од 2013 година, Гатузо има водено дури девет клуба, а во ниту еден од нив не успеа да заврши две сезони.

Неговиот последен ангажман беше во Хајдук, а претходно ги водеше Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија и Олимпик Марсеј. Тој освои само еден трофеј, Купот на Италија со Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот