фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Џенаро Гатузо би можел да биде нов тренер на Торино

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо својот мандат на клупата на хрватскиот фудбалски клуб Хајдук го заврши со победа од 1:0 против Шибеник.

Сезоната ја заврши на третото место во најдобрата хрватска лига, иако Гатузо минатото лето потпиша договор на две години со Хајдук, истиот според најавите нема да го одработи до крајот.

Италијанските медиуми шпекулираат дека новиот тренерски ангажман Гатузо ќе го има во Торино каде на позајмица настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од редовите на Лајпциг.

Клубот сè уште не донел одлука за иднината на тренерот Паоло Ваноли, а притисокот расте откако ја заврши сезоната на 11 место со 44 освоени бодови.

Покрај Гатузо, потенцијални наследници се Марко Барони, Маурицио Сари, Еузебио Ди Франческо – кој испадна од лигата со Венеција – и Паоло Занети, кој успеа да ја задржи Верона во елитата и кој добро го познава Торино, каде што помина четири сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот