
Џејмс О’ Брајан за Планот за раст на ЕУ: Никој не може да стави вето на другиот секоја земја е одговорна за своите сопствени реформи
Никој нема да може да стави вето на другиот, секоја земја е одговорна за своите сопствени реформи, oва е нешто што ќе почне да се применува оваа година, рече помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајaн на прес конференција во Скопје, по состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан на кој се дискутираше за Планот за раст на ЕУ.
Препорачано
Во оваа програма како што истакна Џејмс О’ Брајaн никој не може да стави вето на другиот секоја земја е одговорна за своите сопствени реформи и за работата на соседите. Сега државите кои што ќе ја прифатат оваа иницијатива ќе ги добијат придобивките брзо и нема да чекаат решавања на некој неповрзан билатерален спор, ова се неверојатни достигнувања, дополни тој.
Брајан истакна дека се дискутирало за две практични идеи, едната би ги намалила надоместоците кои треба да се плаќаат за пренос на пари со што луѓето ќе заштедат околу 500 милиони евра на годишно ниво, а се работи за 5 проценти на секој пренос на Европа кон регионот.
„Тоа е навистина многу за поединец или пак за мал бизнис кој што се обидува да расте. Исто така зборувавме за проширување на зелените ленти кои исто така се едни од најважните чекори кои ги има преземено ЕУ за да му дозволи на овој регион да тргува,“ додаде О’ Брајан.
Тој посочи дека лидерите ќе се среќаваат редовно за да го ревидираат напредокот и за да ги решаваат политичките спорови кои што останале.
„Оваа работа ќе се врши транспарентно редовно ќе зборуваме за неа и ќе видиме каков напредок сме постигнале. Некои земји во регионот ќе напредуваат побрзо некој може да заостануваат во некои иницијативи да имаат помалку придобивки но ќе зависи од граѓаните на секоја земја да одлучат дали им се допаѓа она што го прави нивната влада за да ја искористи оваа прилика,“ порача О’ Брајан.
Тој истакна дека Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа
О’ Брајан зборувајќи за Планот за раст на ЕУ, посочи дека некои земји во регионот ќе напредуваат побрзо, некој може да заостануваат во некои иницијативи да имаат помалку придобивки но ќе зависи од граѓаните на секоја земја да одлучат дали им се допаѓа она што го прави нивната влада за да ја искористи оваа прилика.
„Ние како САД сметаме дека е во наш интерес да се задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и Владите да имаат поблиска врска со Европа. Затоа мене ми е гордост што сум тука неделава во Скопје со премиерот на неговата последна меѓународна средба во овој мандат, но ве уверуваме дека Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат, а од гледна точка на САД ние сакаме да ја видиме Северна Македонија дел од Европа колку што е тоа можно побрзо. Затоа ми е драго што сум дел од оваа иницијатива, “порача О’ Брајан.