Profimedia

Џеф Безос и Лорен Санчез сепак ќе имаат „поскромна“ свадба: Ќе потрошат само 12 милиони евра…

Очите на светот повторно се вперени во Џеф Безос и Лорен Санчез, кои ќе се венчаат во Венеција кон крајот на јуни. И додека многумина очекуваа екстравагантен спектакл на богатство достоен за основачот на „Амазон“, блиски извори откриваат дека церемонијата ќе биде изненадувачки скромна, барем според нивните стандарди, пренесува „Дејли мејл“.

Наместо раскошна церемонија со илјадници гости, двојката одлучила да организира интимно собирање со помалку од 200 гости. Цената на свадбата од 12 милиони евра, е далеку под очекувањата, особено ако се земе предвид дека Безос троши 34 милиони долари годишно само за одржување на неговата суперјахта Кору вредна половина милијарда долари.

Токму таа јахта, со девет спални соби, ќе биде сместена на пристаништето Сан Базилио, најблиску до центарот на градот каде што на толку голем брод му е дозволено да се закотви поради заштитата на венецијанското наследство. Според извештаите, двојката и нивните семејства ќе престојуваат на јахтата, додека другите гости ќе бидат сместени во луксузните хотели „Ципријани“ и „Аман“.

Поканите наводно биле испратени без хартија или преку е-пошта, сè во духот на дискреција, за да се избегне несакано внимание. Во центарот на вниманието ќе биде и семејството на Безос, неговата мајка Џеки, која го родила на 17-годишна возраст, и неговиот татко Мајк Безос, кубански емигрант кој им ги дал на Џеф и неговата компанија Амазон првите инвестициски пари: 245 илјади долари во тоа време, сè што имале.

Според извори блиски до двојката, на одлуката за „намалување на сјајот“ влијаеле јавните критики за неодамнешниот вселенски лет на „Блу Ориџин“, во кој Санчез учествуваше со целосно женски екипаж. Многумина го опишаа како бесмислен рекламен трик, а двојката сега, според изворот, сака да го избегне впечатокот на „модерна Марија Антоанета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот