
Џастин Бибер веќе ги распродаде билетите за „Коачела“ 2026 и стана најплатениот изведувач во историјата на фестивалот
Ако некој бил загрижен за кариерата на Џастин Бибер, нема потреба да биде, бидејќи пејачот ја покажа својата огромна популарност оваа недела. Имено, Бибер ги распродал билетите за својот концерт на музичкиот фестивал „Коачела“ во 2026 година, објавува „Дејли мејл“.
Препорачано
Пејачот добил повеќе од 10 милиони долари за својот настап на познатиот фестивал, надминувајќи ги музичките икони како Бијонсе и Лејди Гага, кои важеа за најплатени изведувачи во историјата на фестивалот.
View this post on Instagram
Организаторите на годишниот фестивал, кој ќе се одржи на 10, 11, 12, 17, 18 и 19 април, во понеделник објавија на социјалните мрежи дека сите билети за фестивалот за 2026 година се распродадени.
Извор потврди дека рекордниот хонорар на Бибер за „Коачела“ бил договорен директно со промотерот „Голденвоис“, без агент. „Тоа е револуционерен потег за хедлајнер, а тој го изгради сето тоа сам“, рече извор близок до изведувачот.
„Помеѓу главните настапи на ‘Коачела’ и успехот на ‘Swag’, јасно е дека ова е почеток на нова возбудлива ера за Џастин“, додаде изворот.
Патем, Бибер ги продаде правата за својот каталог за 200 милиони долари во 2023 година. Во февруари 2023 година, Бибер официјално го откажа остатокот од неговата турнеја „Justice World“ откако откри дека страда од синдромот на Ремзи Хант, што може да доведе до парализа на лицето.
„Порано оваа година, јавно открив дека се борам со синдромот на Ремзи Хант, поради кој лицето ми беше делумно парализирано. Како резултат на болеста, не можев да ја завршам северноамериканската етапа од турнејата „Џастис“, рече пејачот тогаш, додавајќи дека имал здравствени проблеми по настапот на фестивалот „Рок ин Рио“.