
Џастин Бибер го продаде целиот свој музички каталог за 200 милиони долари
Канадскиот пејач Џастин Бибер (28) ги продаде своите музички авторски права на компанијата „Хипгнозис“ за 200 милиони долари, потврдија оттаму.
Препорачано
„’Хипгнозис сонгс капитал’ го заклучи договорот за купување на 100 отсто издаваштво на Џастин Бибер, како и на неговите авторски хонорари од неговите мастер снимки“, потврди „Хипгнозис“.
Бибер е еден од низата уметници кој се одлучи на тој чекор. Пред него тоа го направија Боб Дилан, Брус Спрингстин, Тина Тарнер и Нил Јанг.
„’Хипгнозис’ ги купи сите издавачки права на Џастин Бибер, кои вклучуваат авторски права и музички снимки“, велат од компанијата, која претходно ги купи авторските права од групата „Ред хот чили пеперс“.
„Цената на договорот е 200 милиони долари, што ја прави оваа најголема продажба на права за кој било уметник од генерацијата на Бибер“, според изворот запознаен со ситуацијата.
Неговиот репертоар вклучува повеќе од 290 песни објавени пред 31 декември 2021 година, вклучувајќи ги хитовите „Baby“, „Sorry“ и „Love Yourself“. Во продажбата е вклучен и неговиот последен албум, „Justice“ (2021).
Бибер (28) е еден од најмладите уметници кои ги продадоа своите авторски права.
„Хипгнозис сонгс капитал“ порано ги откупи правата од Џастин Тимберлејк и Шакира на нивните песни.
Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам
Бибер ја продолжува концертна турнеја по парализата на лицето