Џастин Балдони и Блејк Лајвли / Фото: Profimedia

Џастин Балдони ја ангажираше адвокатката на Пи Диди во правната битка против Блејк Лајвли

Американскиот актер и режисер Џастин Балдони дополнително го зајакна својот правен тим со ангажирање на истакнатата адвокатка Александра Шапиро, која моментално го застапува раперот Шон „Диди“ Комбс, во продолжението на неговата правна битка против колегата Блејк Лајвли, пишува „Пипл“.

Имено, Балдони ја ангажирал адвокатката Александра Шапиро да се придружи на неговиот правен тим во правната битка што се води во федералниот суд во Њујорк. Во судскиот документ, поднесен во понеделникот се наведува: „Ве молиме имајте предвид дека Александра АЕ Шапиро од адвокатската канцеларија „Шапиро Арато Бах ЛЛП“ се појавува како правен застапник на Џастин Балдони и неговите сообвиненија, вклучувајќи ги публицистките Мелиса Натан и Џенифер Абел, и директорот на студиото „Вејфарер“, Џејми Хит.“

Шапиро моментално го застапува и Шон „Диди“ Комбс, кој неодамна беше прогласен за виновен за обвиненија за проституција, но беше ослободен од обвинението за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Засилувањето на правниот тим доаѓа во време кога се приближува рокот за завршување на доказната фаза од судењето, а кратко потоа се појавија и нови обвинувања за вознемирување против Балдони.

Основачот на студиото „Вејфарер“ веќе се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување што ги упати Блејк Лајвли против него. Актерката, тврди дека таа и другите жени се чувствувале непријатно на снимањето поради неговото однесување.

Таа, исто така, го обвинува дека покренува кампања за клевета против неа, како форма на одмазда за тоа што јавно проговори за неговото однесување.

Балдони жестоко ги негираше сите обвинувања, па дури и се обиде да ја тужи Лајвли за клевета, но судот ја отфрли тужбата претходно оваа година.

Џастин Балдони и Блејк Лајвли треба да се соочат еден со друг на суд во март 2026 година.

Џастин Балдони се соочува со нови обвиненија за вознемирување: Анонимна личност открила искуство од снимање

Адвокатот на Тејлор Свифт изјави дека пејачката нема да сведочи во тужбата меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот