Двојно пораснал бројот на гејмери за време на корона кризата во светот

Дневниот број на корисници на компјутерски игри како и игри на конзола пораснал за 46 отсто во првите пет месеци.

Неодамнешниот извештај на „Uniti Technologies“ покажа дека бројот на играчи на компјутерски игри во светот, во првите пет месеци од годинава, пораснал за 50 отсто во однос на претходната година.

Како главна причина за големиот раст се наведува пандемијата ширум светот, па согласно овие промени во животните навики луѓето кои биле приморани да останат во изолација поголем дел од времето помунувале пред компјутер и мобилен телефон.

Дневниот број на корисници на компјутерски игри како и игри на конзола пораснал за 46 отсто во првите пет месеци, додека дневниот број на корисници на игри на смарт телефон пораснал за 17 отсто.

Извештајот пренесува и дека бројот на инсталирани игри на мобилен телефон пораснал за дури 84 отсто од почетокот на оваа година.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!