Ребека - Фото: Фејсбук

ФОТО | Двојна среќа во домот на Ребека: Макариј и Доротеј наполнија 12 години на убавиот христијански празник

Познатата македонска пејачка Ребека имаше посебна причина за славење, нејзините близнаци Макариј и Доротеј го прославија својот 12-ти роденден. По тој повод, гордата мајка сподели емотивна фотографија на социјалните мрежи, на која е заедно со своите тројца синови и роденденската торта, со насмевки кои говорат повеќе од илјада зборови.

Фотографијата на која владее семејна топлина и љубов за кратко време собра илјадници допаѓања, а под неа се нижеа коментари со честитки, желби и пофалби за прекрасните момчиња.

Во описот на фотографијата, Ребека упати трогателна благодарност до сите што ѝ го разубавија денот:

„Ви благодариме на сите за прекрасните честитки, желби и подароци. За многу години и денешниот прекрасен празник – Рождество на Пресвета Богородица.“

Не случајно, роденденот на Макариј и Доротеј се совпадна со еден од најубавите православни празници — Рождество на Пресвета Богородица, што на целото семејство му даде дополнителна духовна димензија на денот исполнет со радост, смеа и љубов.

Ребека не крие колку е посветена мајка, секој јубилеј, секој важен момент од животот на нејзините деца го споделува со својата публика, пренесувајќи топлина и искрена благодарност.

Поп-пејачката Ребека Јанковска – Ристески и нејзиниот сопруг Мики се во брак од 2006 година. Тие имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот