фото: МИА

Две од три убиства во Јужна Африка остануваат нерешени поради недоволно докази или траги

Во Јужна Африка две третини од убиствата не се решени поради недоволно докази или траги, според официјалните податоци објавени денеска од владејачката партија.

Полицијата без резултат затвори повеќе од 76.000 од речиси 115.000 случаи на убиства што беа регистрирани во земјата помеѓу 2018-2019 и декември 2023 година, покажуваат податоците објавени од Демократската алијанса (ДА) од десниот центар.

„Бројката е впечатливо висока. Ова делумно се должи на недостигот на обучени инспектори, што само по себе е резултат на недостигот на финансии“, рече пратеничката Лиза Шикерлинг.

Според неа, инспекторите се „затрупани од работа“.

„Повеќето од нив имаат меѓу 350 и 500 случаи“, рече Шикерлинг.

Убиствата не се единствените злосторства што остануваат нерешени.

Повеќе од 61.000 случаи на силување и 9.000 киднапирања исто така се затворени без резултат во истиот период, покажаа податоците дадени на ДА од страна на министерот за полиција по барање на Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот